Осмомартовски Саем на книга во „Скопје Сити Мол“!

Во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, од денес (6 март) па сè до недела (9 март), во „Скопје сити мол“ ќе се одржи Саем на книга. Доколку сте во потрага по подарок за жените во вашиот живот, еве ви одлична идеја за инспирација. Нема поубав подарок од книгите! Овој мини Саем на книга е во соработка на „Скопје сити мол“ и Македонската асоцијација на издавачи.

На приземјето во трговскиот центар, дел од македонските издавачи ќе ги изложат своите најнови и најпопуларни изданија, со намалени цени од 20 до 70%. На посетителите ќе им биде понуден избор од популарна и класична литература, книги од домашни и странски автори, љубовни романи и трилери, популарна психологија и бизнис литература…

На Саемот на книгата ќе учествуваат 12 издавачки куќи: „Култура“, „Сакам книги“,„Три“, „Полица“, „Антолог“, „Топер“, „Чудна шума“, „Мартина“, „Едука мак“, „Бата прес“, „Божилак“ и „Сказнувалка“.

Извор.

Leave a comment