Голема пролетна распродажба во „ТРИ“!

Пролетта само што не дошла, тоа значи прекрасни сончеви денови, зеленило и расцутување, но и одлично време за читање книги. Доколку сакате да си ја освежите домашната библиотека, утре (15 март, сабота), со почеток од 9 часот, пред книжарницата на ТРИ во Градскиот трговски центар (ГТЦ), ќе се одржи целодневна, пролетна распродажба на стари и ретки изданија, на која многу книги ќе бидат со неповторливи цени и до 80 % попуст.

Во најавата за настанот, од ТРИ препорачуваат да се искористи „единствената шанса“ да си ги обезбедите „ретките изданија на ТРИ, кои се криеле на најнедофатливите полици.“ Покрај големиот избор, секои три купени книги – следува книга подарок!

Богатиот избор на ТРИ опфаќа и многу домашни и светски наслови на 20 и 21 век и дела на Роберт Музил, Габриел Гарсија Маркес, Марсел Пруст, Курт Вонегат, Митко Маџунков, Маргерит Дирас, Карел Чапек, Фредерик Бегбеде и уште многу други, а оние што се заинтересирани за уметност, ботаника или архитектура ќе можат да го ѕирнат колекционерско издание од „Tashen“, а достапни ќе бидат и античките трагедии и комедии и големите древни епови преку изданијата со тврд повез. Од ТРИ најавуваат дека ќе има одлична понуда и за љубителите на поезијата со „стихови од сите краишта на светот и книжевни периоди, но и ретки книги за источните мудрости, јапонски но-драми и научни изданија за магијата на зборот.“

ТРИ ја завршуваат поканата со следниве зборови:

На полиците имаме 1 000 наслови кои чекаат да бидат подарени, твое е само да ја понесеш љубовта кон добрата книга. Те очекуваме!

За повеќе информации, следете го официјалниот настан на Фејсбук и официјалната Фејсбук страница на ТРИ.

Leave a comment