Саемот на книга годинава ќе се одржи од 8 – 14 мај!

Саемот на книга е вистински празник за љубителите на книги. Опкружени со она што најмногу го сакаме – КНИГИ. Еден куп издавачки куќи на едно место, бекрајни можности и избор, настани и средби, нема што нема!

Затоа верувам дека сите љубители на книги ќе се израдуваат кога ќе ја чујат веста дека познати се датумите на одржувања на Саем на Книга. Саемот ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“, во периодот од 8 до 14 мај. Под мотото „Храна за душа“, посетителите ќе имаат шанса да си ја освежат домашната библиотека, да се сретнат со писателки и писателки, да запознаат и други љубители на книги и да уживаат во присуството на книгите и да си ја нахранат душата.

Иако е рано за повеќе детали и целосната програма, сепак зачувајте си ги датумите во вашите календари, започнете со составување на вашите списоци и желби за читање и се гледаме на Саем на книга, а Кафе и книги ќе ве известува за деталите!

Leave a comment