Голема распродажба до 80% во ТРИ – Ист Гејт!

Во тек е една голема акција и распродажба на „ТРИ“ во трговскиот центар „Ист Гејт“ која ќе трае до 5 април и ова е одлична можност да го искористите продолжението викенд да се подновите со некое ново изданија.

Големата книжевна распродажба започна на 27 март во книжарницата на „ТРИ“ во „Ист гејт“ и веќе е во полн ек. Како што најавија од „ТРИ“, таму ќе можете да најдете „наслови од 50, 99 или 150 денари, попусти до 80% на белетристика, безвременски наслови, монографии“ и уште многу друго.“

Според најавите, оваа акција се случува поради тоа што „ТРИ“ го затвора своето поглавје и книжарницата во „Ист Гејт“.

Во официјалниот настан на Фејсбук, тие велат:

Нашите полици се исполнети со приказни кои го чекаат својот нов дом. Нека оваа распродажба биде можност да најдете книги кои ќе ве водат низ животот, кои ќе ви донесат утеха и надеж, кои ќе ве инспирираат да продолжите напред со поцврста верба во себе и во светот околу вас. Овие книги не се само зборови на хартија, тие се патокази, пријатели и лекции од нас за вас, и се надеваме дека ќе остават траен белег во вашите животи.

На нивната страница на Фејсбук можете и да ѕирнете дел од изданијата кои се на попуст и секако до 5 април да се упатите во „Ист Гејт“ и да си се подновите со нова книга.

Leave a comment