Денови на детска литература во „Антолог“ !

2 април е проглсасен за Меѓународниот ден на детската литература и книгите за деца, па по тој повод, книжевниот центар „Антолог“ организира книжевна акција посветена токму на најмладите. Од 2 до 6 април, во нивната книжарница, како и на нивната веб-страница, сите книги за деца ќе бидат намалени за 30%.

(извор: „Антолог“)

Како што и самите наведуваат на нивните социјални мрежи, меѓу кои и страницата на Фејсбук, ова е „совршена можност да го разбудите љубопитството на најмалите и да им подарите свет што ќе го истражуваат со секоја нова страница“.

Целат понуда можете да ја ѕирнете тука.

Како што велат од „Антолог“:

Од приказни за мали бунтовници до бајки што нè учат на добрина, секоја книга крие свет кој чека да биде откриен! Дали ќе најдете пријател во некое невидливо другарче? Ќе откриете волшебна врата? Или можеби ќе влезете во свет каде што животните зборуваат?

Leave a comment