На 14 април 1997 година починал Видое Подгорец, еден од најпознатите македонски современи писатели. Во чест на годишнината од неговата смрт, денес ја читаме и споделуваме песната „Убави зборови“!
Убави зборови – Видое Подгорец
Ај, да измислуваме убави зборови!
Еве вака:
Да биде радост наместо мака.
Сè што е насилно, свирепо грубо –
нека го носи името – љубов!
Вистина ставаме наместо лага
смеа и веселба наместо тага.
Болката нека е ведрина сега,
а сите војни да станат шега.
Црното нека си остане боја,
но, да не тежи во душата твоја…
Солзите – мака в срце што носат
нека се претворат во капки роса.
од стихозбирката „Мугри над тополите“ (1968 година)

