Вчера светот го обиколи една многу тажна вест: Почина познатиот перуански писател и нобеловец Марио Варга Љоса. Веста ја соопшти неговото семејсто преку социјалната мрежа X.
Варгас Љоса беше една од најзначајните фигури во латиноамериканската книжевност и култура. Меѓу неговите најпознати дела се романите: „Празникот на прчот“, „Разговор во Катедралата“, „Смрт на Андите“, „Пет ќошиња“, итн. Но, тој пишуваше и драми, есеи, книжевни критики и се занимаваше и со новинарство. Неговото пишување ја одразуваше неговата длабока љубов кон раскажувањето приказни, карактеризирана со богат јазик и опфаќа различни жанрови – од автобиографски книги и историски романи до еротска фикција и трилери.
Во 60-ти години на 20 век, латиноамериканската книжевност доживеа експлозивен период таканаречен „Ел Бум“, а Варгас Љоса беше значаен дел од оваа експлозија, заедно со Маркес, Борхес, Кортасар, итн.
Нему му беше доделена Нобеловата награда за книжевност во 2010 година „за неговата картографија на структурите на моќта и неговите ропски слики на отпорот, револтот и поразот на поединецот“, а на блогот веќе имавте можност да го прочитате неговото Нобелово предавање.
Во периодот што следува, во негова чест ќе следуваат и различни написи за неговиот живот и творештво, а во меѓувреме, денес на блогот во негова чест споделуваме една прекрасна мисла токму од него.

