„Под исто небо“ – Меѓународниот фестивал „Литера“ ќе се одржи од 23 до 25 април!

Под слоганот „Под исто небо“, седмото издание на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ годинава ќе се одржи во периодот од 23 до 25 април, во прекрасниот амбиент на Сули ан во Скопје.

Како што наведуваат самите организатори, „Литера е место каде децата, авторите, илустраторите и љубителите на книгата создаваат заеднички свет – креативен, шарен и полн со имагинација“. Оваа година во фокусот ќе биде моќта на приказните да нè поврзат без разлика на возраста, јазикот или местото од кое доаѓаме.

Во рамки на фестивалот ќе се организираат интерактивни работилници, средби со автори и илустратори, како и специјални настани посветени на креирање нови книжевни и визуелни светови.

Свеченото отворање ќе се одржи на 23 април (среда) со почеток од 19:30 часот.

За повеќе информации следете го официјалниот настан на Фејсбук и Фејсбук страницата на Литера.

Подолу погледнете ја и програмата за фестивалот. Сликите се преземени од Фејсбук страницата на Литера.

Leave a comment