Дискусија на тема „Читаме филм, гледаме книга“!

Петок е одличен ден за интересни настани, особено кога се поврзани со книги и уметност. Утре, со почеток од 17 часот, во Europe House Skopje, ќе се одржи интересна дискусија на тема „Читаме филм, гледаме книга“. Овој настан се организира по повод Светскиот ден на книгата и авторските права (23 април) и е поддржан од Амбасадата на Шпанија во Скопје.

Книжевниот влогер Александар Маџаровски – Читачот, филмскиот критичар Златко Ѓелески и режисерката Александра Кардалевска ќе дискутираат на различни теми како книгите што не би сакале да ги видат на платно, дали филмот треба да биде верен на книгата за да биде добар и каква е позицијата на жената режисер во филмската индустрија? Модераторка на настанот ќе биде Сања Михајловиќ – Костадиновска.

Ова се теми што секогаш поттикнуваат интересни дискусии, па така, доколку сакате да се вклучите, знаете каде да се упатите.

Извор.

Leave a comment