Денес започнува Саем на книга!

За секој љубител на книги, Саемот на книга е како празник, Опкружени со толку многу книги, книжевни настани, вистински празник за очи и душа. Токму затоа, годинешното мото на Саемот на книга е „Храна за душа“. Денес и официјално започнува Саемот на книга, кој ќе трае сè до 14 мај, во арена „Борис Трајковски“. Саемот ќе работи од 10 – 20 часот (освен последниот ден, кога ќе работи до 18 часот), а цената на редовна влезница ќе чини 100 денари, додека пак влезницата за ученици – 50 денари и влезницата за три посети – 250 денари. За деца до 12 години со родител, влезот е бесплатен. Со секоја купена редовна влезница, се донираат 15 денари на СОС Детско село.

(Извор: Скопски саем/Фејсбук)

На Саем на книга ќе се претстават речиси сите домашни издавачки куќи, а свои штандови ќе имаат и странски издавачки куќи. Ова е одлична шанса за сите што сакаат да си ја освежат домашната библиотека, но и за оние што сакаат да посетат дел од настаните што ќе се организираат во рамки на настанот.

На пример, издавачката куќа „Антолог“ на својот штанд на 9 мај (петок), во 17 часот, организира средба на македонските читатели со познатиот писател Миодраг Мајиќ (кај нас најпознат по делото „Деца на злото“), додека пак „Сакам книги“ во рамки на саемот го носат познатиот писател Себастијан Фицек кој ќе биде на нивниот штанд на 10 мај (сабота) од 13:00 часот. Останатите настани и средби на штандот на „Антолог“ можете да ги видите тука.

Во продолжение погледнете и дел од каталозите што успеав да ги соберам, а доколку најдам други ќе ја надополнам објавата:

Антолог
ТРИ
Темплум
Артконект
Или-Или немаат класичен каталог, но на веб-страницата ги има книгите со попустите
Сакам книги
Бегемот
Чудна шума
Збор

Се гледаме на Саем!

Leave a comment