Доколку сте љубители на македонска поезија и музика, тогаш утре (14 мај), со почеток од 20 часот во „Јавна соба“ (Public Room) ќе имате можност да присуствувате на поетско-музичка изведба на стихови од Тихомир Јанчовски со музика компонирана од Зоран Тортевски. Стиховите се од последните две поетски книги на Јанчовски, „Пристоен предлог“ и „Пеколот е мало место“, а композициите на Тортевски се правени како музички илустрации за песни од овие две збирки.

Воведот во настанот ќе го даде Тања Аждаја, а стихови ќе читаат авторите на музиката и стиховите, додека пет песни ќе бидат и испеани во интерпретација на Зоран Тортевски. Визуелното осмислување е на Владимир Лукаш, завршниот збор ќе го даде Душко Крстевски.
Картата за настанот чини 200 денари и можете да си ги набавите на овој линк.
Како што се наведува во официјалниот настан на Фејсбук, „ова не е промоција на книга, ниту рецитал, ниту концерт, ниту поетски театар… иако има по нешто од сите нив.“
