Македонска поезија: „Молитва“ од Гане Тодоровски!

На 22 мај 2010 година починал еден од најголемите македонски поети – Гане Тодоровски. Во негова чест денес на блогот ги читаме неговите прекрасни стихови.

Молитва – Гане Тодоровски

(пред крајот на годината
и пред истекот на векот)

Боже, зарем ќе оставиш да бидам неразбран
Од современиците мои – што ги мунѕосував ко џган!
Зарем ќе оставиш да останам во уплав збран
И да си заминам од веков – од мунѕосаните мунѕосан?
Придај им на моите сотатковинци додатен ум,
За да ме доразберат, и да ме следат молчешкум;
Не ги прекорувај престрого, не кревај ненужен шум,
Поучи ги, кога зборувам, да стојат отпростум!

За да се знае, конечно еднаш, КОЈ е КОЈ?
За да не понесам вина, дека, дури бев жив
Малцина надзборев а трижтолкумина не победив!

Господе, дај искористи го авторитетот свој,
Па, додека е време, застани на моја страна,
За да поверувам дека ѝ бев на вистината бранач!

Москва, декември 1994 г.

Leave a comment