Хана Корнети е млада писателка која сè повеќе цврсто чекори и се поставува на македонската книжевна сцена. Дебитираше пред неколку години со својата прва збирка раскази „Млечни заби“ (која и ја препорачав на блогот), а потоа го објави и својот прв роман за деца и млади „Илина и шумските тролови“, кој исто доби свој осврт на блогот, заедно со разговор со авторката.

Сега повторно се враќа на книжевната сцена со својата нова збирка „Каде леташ, Јулија“, која токму за време на Саемот на книга го здогледа светлото на денот. Сега изданието ќе ја добие и својата официјална промоција која ќе се случи денес (27 мај) во кафе-книжарницата „Буква“, со почеток од 20 часот.
Во улога на промотор ќе биде Александар Маџаровски, познат како „Читачот“, а потоа свој музички настап ќе има и групата Милко/Millko.
За повеќе детали за збирката и настанот, следете го официјалниот настан на Фејсбук.
