Пред неколку месеци беше објавено дека „Роман на годината“ за 2024 година е „Светот што го избрав“ од Калина Малеска, во издание на „Или-или“. Како и секоја година, како што налага традицијата, по неколку месеци од официјалното соопштение, се организира и свечено врачување на наградата.

Па така, денес, со почеток од 20 часот, во „Драмски бар“ (веднаш до „Драмски театар“), свечено ќе ѝ биде доделена наградата на Калина Малеска. Настанот е организирам од фондацијата „Славко Јаневски“, а за музиката ќе бидат задолжени Гоце Стевковски ЏЕЗ бенд.
За повеќе информации, следете го официјалниот настан на Фејсбук.
