„Летни приказни“ во „Или-Или“!

„Летни приказни“ е традиционалната акција која книжарницата „Или-Или“ ја организира за време на летото, кога голем дел од книгите издадени од „Или-Или“ се намалени и на попуст. Годинава најавуваат и еден малку поинаков пристап, па така, како што велат тие, до крајот на август, секој понеделник различни книги ќе бидат во фокусот и ќе бидат со супер летни цени.

Па така, „првата тура“, започнува од денес и ќе трае до осми јуни, а тој почеток ќе биде означен со изданијата од едицијата „Виртус“. Едицијата е составена од одлични книги, меѓу кои е и најновото издание на „Конзервирани импресии“ на Горан Стефановски, како и музичките текстови на Лада Шоптрајанова Петровска насловени како „Сновење“, и одличниот француски серијал „Едно лето со…“, во кој можете да уживате во книгите за ликот и делото на прославените поети и филозофи Рембо, Бодлер, Монтењ и Паскал, одличен серијал, чии дела веќе беа и препорачани на блогот. (Препораките за Бодлер, Паскал, Монтењ и Рембо)

И сето тоа на супер попусти, со напомена дека целиот комплет од шест книги чини само 1000 денари.

За книгите кои се дел од „Летните приказни“ во првата седмица од јуни, можете да прочитате на следните линкови:

Конзервирани ипмресии“ – Горан Стефановски

„Едно лето со Рембо“ – Силвен Тесон

Едно лето со Бодлер“ – Антоан Компањон

Едно лето со Монтењ“ – Антоан Компањон

Едно лето со Паскал“ – Антоан Компањон

Сновење“ – Лада Шоптрајанова Петровска

За повеќе информации следете го официјалниот настан на Фејсбук и официјалната Фејсбук страница на книжарницата „Или-Или“.

Leave a comment