Во тек се нови попусти и нова книжевна акција на „Арс Ламина“!


Под мотото „BOOKирај одмор со книга“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја започна летната продажна акција и летните попусти. Оваа акција започна на 15 јуни и ќе трае до 15 јули. Како што наведуваат во нивното соопштение, воо рамките на акцијата читателите ќе имаат можност да купат повеќе од стотина наслови со попусти до 60 %..

Понудата ги опфаќа најбараните жанрови: белетристика (бестселери, трилери, историска фикција, биографии, мотивациска и литература за самопомош), романи за деца, како и лектири и читанки од нивната едиција „Лесно читливо“.

Доколку сте љубители на романси, меѓу книгите од овој жанр што се на попуст можете да ги најдете: „Едно лето во Италија“, „Дејзи Џонс енд д Сикс“, „Три желби“, „Писатели и љубовници“, „Последната годишнина“, „Дневникот на Бриџит Џонс“, „Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер“ и „Сплеткарот Купидон“, а доколку сте љубители на трилери, тогаш на попуст ќе ги најдете: „Списокот со гости“, „Станот во Париз“, „Мојата мрачна Ванеса“, „Те знам“, „Златната двојка“, „Семејни тајни“, „Низ иглени уши“, „Силвервју“, „Клучот за Ребека“, „Страчки“, „За ваше добро“, „Украденото дете“, „Совпаѓање“.

Во понудата има и нешто и за љубителите на историска фикција, како: „Седумте мажи на Евелин Хуго“, „Малибу во пламен“, „Кери Сото се врати“, „Градината на Олеандрите“, „Ќе се најдеме во Бомбај“, „Војна и љубов“, „Брачниот портрет“ и „ФАУ-2“. Доколку повеќе сакате нефикција и биографии, тогаш треба да знаете дека на попуст се книгите „Резерва“ од Принц Хари и „Тина Тарнер – Мојата љубовна приказна“, како и книгите за самопомош и мотивација: „Петминутна терапија“, „Вистина – куса историја на чисти глупости“, „Што ти се случило?“, „Нашиот луд мозок“, „Гласот во нашата глава“ и „Жени, храна и хормони“.

Книжарници во кои важи попустот од акцијата BOOKирај одмор со книга од „Арс Ламина“ се: „Кокпит“ – Битола; „Збор“, „Унистар 1“ и „Унистар 2“ – Велес; „Бук Шоп“, „Ние Пром“ – Гевгелија; „Киже“ – Кичево; „Пан Граф“ – Куманово; „Бонига“ – Неготино; „Сив“ – Охрид; „Топер“, „Издавачки центар ТРИ“, „Сакам книги“ , „Чудна шума“ – Скопје; „Јованови Арт“ – Штип.

Дел од насловите се на попуст во книжарниците „Литература.мк“ и на нивната дигитална книжарница

Извор.

Leave a comment