Голема летна распродажба во ТРИ!

Утре започнува летото, а со тоа можеме да ја отвориме и летната читачка сезона. Доколку сте во потрага по нешто ново за читање, ТРИ организираат голема летна распродажба на нивните книги, акција што ја започнаа и оваа пролет, организирајќи голема пролетна распродажба.

Утре, со почеток од 9 часот наутро, пред книжарницата на ТРИ во Дебар Маало, ќе се одржи целодневна летна распродажба на стари и ретки изданија на ТРИ и тие најавуваат и ниски цени и до 80% попуст! Како и на минатата распродажба, така и на оваа важи правилото дека за секои три купени книги следува книга подарок.

Како што и тие сами најавуваат на нивниот официјален настан на Фејсбук, „на полиците се наредени над 1 000 наслови кои ги чекаат твоите раце, над 10 000 страници кои ги чекаат твоите мисли и над 100 000 грама љубов што чекаме да ти ги дариме!“

Leave a comment