Македонска поезија: „Наопачно оро“ од Петре М. Андреевски!

Петок е прекрасен ден за читање поезија, па затоа денес ги читаме стиховите на Петре М. Андреевски!

Наопачно оро – Петре М. Андреевски

Кој игра таму така
во глуво време,
на глува свирка?

Кој го води она оро
на лева нога,
на слепа страна?

Кој таму некој нешто,
кој таму некој негде,
кој таму којзнае што?!

Leave a comment