Македонска поезија: „Нашите краишта“ од Анте Поповски!

Денес на блогот читаме прекрасна македонска поезија и стиховите на Анте Поповски!

Нашите краишта – Анте Поповски

Ќе си појдеме таму каде што никој не бил
Ќе си умреме сами и сами коските ќе си ги сместиме
Уште понајуг од кај што досега свршувало сè.

Ќе речат – си отидоа вчера или пред некој век
Завиткани во многу студ и во малку грев
И веќе ги нема.

Некогаш играјќи децата ќе ја откопаат нашата плоча
Под неа ние, подолу тие, утре вие,
Сите отруени од исти сништа

– Вземи да си ги видевме, барем, нашите краишта.

Leave a comment