Денес е петок и на блогот читаме прекрасни македонски стихови и поезијата на Лилјана Дирјан.
Месечина, трудна – Лилјана Дирјан
Те гледам од спротива како пишуваш
додека моето мастило исчезнува во мене
во песок песна
си ги ставаш очилата, земаш нова хартија
колку за една ноќ
и почнуваш да бидеш сам
во меѓувреме
ноќта расте
а зад прозорецот
мразот и темнината разменуваат подароци
тој мразулци и скреж, таа густо црно млеко
jac растам внатре
и живеам со две срца
не можам да го довикам ниту
видам моето мало живо невидено дете
на екранот вестите се вообичаено лоши
но, човек може и од надобичните штици во
станот
што крукаат при одење
да биде на брод
и со погледот низ нискиот прозорец
наместо замрзната бавча да здогледа море
со полна месечина
и така цела зима-крши мраз
прави проток
на палубата сме ти и jac
се тресеме од студот на ширта
од бездната долу
и од крикот на галебот во мене
од пафтањето на замрзнатите криліа
кои немаат (кое е ова место и време?)
каде да слетаат.
„Месечина трудна во тешка свила“ (1997)

