Македонска поезија: „реновирање мисли“ од Игор Исаковски!

Ајде да ја почнеме оваа нова работна недела со прекрасните стихови на Игор Исаковски!

реновирање мисли – Игор Исаковски

ајде да ја разглобам собата
ајде да реновирам, да сменам
се. ајде, да те избркам од овде
ајде, да ја избркам најубавата
мисла и најголемиот страв.
ајде, да те фатам за раце
и да ти покажам каде е вратата.
ајде, никогаш пак нема да ти кажам
како ми било на самотните и мрачни
шанкови (сите што ме читале мислат
знаат, кутри тие и наивни) и тоа е
сосема в ред: не очекувај никој да ти
ја сети болката кога си сам. а таков
секогаш си. и нека си: таков
никој не те поседува. тогаш си
искршен воздух.

Leave a comment