~ Мисла на денот ~

На 21 јули 1899 година се родил Ернест Хемингвеј, еден од најпознатите американски писатели на сите времиња и добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1954 година. Ернест Хемингвеј е познат по неговите дела „Старецот и морето“, „За кого бијат камбаните“, „Сонцето повторно изгрева“, но и по неговите кратки раскази и биографската книга „Подвижна гозба“.

Хемигвеј е познат и по неговиот темперамент и необичен и импулсивен карактер, а неговите агендоти, животни авантури (меѓу кои и преживување на авионска несреќа – два пати – и неговото учество во Прва светска војна) и лични драми се исто толку познати како и неговите дела. Тој се смета и за дел од „Изгубената генерација“, заедно со Ф. Скот Фицџералд, со кого бил и пријател.

За жал неговите проблеми со менталното здравје резултирале со неговото самоубиство па така починал на 2 јули 1961 година.

Во негова чест, денешната Мисла на денот е токму негова, од неговото прекрасно дело „За кого бијат камбаните“.

Leave a comment