Морето е нешто кое прво ни паѓа на ум кога збориме за лето. И со оглед на тоа дека сме среде лето, денес на блогот читаме прекрасна македонска поезија и стиховите на Богомил Ѓузел.
Море во ушите – Богомил Ѓузел
Ушите ми се полни море
како да ги исчистам?
Земи школка и нож
пробај да ја отвориш
ќе успееш – но само
ако ја убиеш
Така и ти – ќе го искорнеш
морето од ушите
само ако од ушната школка
слухот ти истече
Чуј си ја тогаш шуплината
полна бучаво море.

