Летото е совршено за поезија и прекрасни стихови, па така, доколку викендов сте наоѓате во околината на Струга, во недела (17 август), со почеток од 19 часот, во просториите на Europe House – Струга ќе се одржи поетско читање во чест на македонскиот поет Анте Поповски.
Поети од повеќе генерации ќе земат учество на настанот и ќе читаат поезија, а ќе бидат презентирани и видео и аудио записи од Анте Поповски. Настанот се организира по повод 50 години од објавувањето на поетската збирка „Тајнопис“ од Анте Поповски.
Настанот е во организација на Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски – „Антево перо“ и Europe house – Струга. За повеќе информации, следете го официјалниот настан на Фејсбук и Фејсбук страницата „Антево перо“.

