Честит нека е 8 Септември – Денот на независноста на Македонија! За да го прославиме овој историски ден за Македонија, денес на блогот читаме стихови од Гане Тодоровски посветени токму на Македонија!
Акростих за татковината – Гане Тодоровски
Македонијо, самороднице,
Арманасице на иднината,
Кораб, заскитан низ времињата,
Едностолбие на добрината,
Дарба гласна си на можењето! –
Оснажувај нѐ, озарувај нѐ
Низ маглините на премрежјата,
Илинденствувај, македонствувај
Јадрожилава и стаменита
Алал да ти е вековечнице!

