„Booktober“ во „Антолог“!

Есента влезе на голема врата и овие есенски и ладни денови се одлични за читање книги! Доколку сте во потрага по нови четива и сакате да си ја освежите домашната библиотека, тогаш новата акција на Антолог е за вас!

„Booktober“ е нова акција на издавачкиот центар Антолог и започнува денес, а ќе трае до недела (12 октомври).

Целосната понуда можете ја погледнете во нивниот дигитален каталог, а понудата важи во книжарницата на Антолог, како и на нивната веб-страница, а со сметка над 1500 денари, доставата е бесплатна.

Како што најавуваат од Антолог, читателите и читателките ќе можат да најдат пет возбудливи новитети кои ќе бидат на 20% попуст, а дополнително ќе има до 60% попуст на над 220 наслови, како и книги по 199, 249 и 299 денари.

Меѓу петте новитети се наоѓа и романот „Моите пријатели“ на Фредрик Бакман, „Авел“ на Алесандро Барико, „Договорот“ на Јордан Коцевски, „Равенка на животот“ од Софија Лудберј и „Благородникот“ од Маша Тодевска.

Понудата е одлична, а Антолог ви порачува да не ја пропуштите „шансата да ги збогатите вашите библиотеки со нови приказни бидејќи „Booktober“ е вашата покана за откривање нови светови, доживувања и ликови.“

Извор.

Leave a comment