Есента пристигна на нашиот праг и за многумина ова е едно од омилените годишни времиња. Совршено време за топла напивка, особено чај, и читање добар роман или добра поезија. Во чест на прекрасната есен, денес на блогот ги читаме стиховите на Славко Јаневски.
Чај и магија – Славко Јаневски
Се седи во круг на насмевки.
Така се изнаоѓа умеењето
и со липите еднаш
немо да се разбереш.
Бабрат завриени треви,
горобилје во нас пука,
есента на софра ни седнала.
Ајде уште малкуцка
молкум да позборуваме.

(Фотографија на Sixteen Miles Out на Unsplash)
