Македонска поезија: „Вињета од една стара книга со приказни“ од Влада Урошевиќ!

Денес на блогот читаме прекрасни стихови од Влада Урошевиќ!

Вињета од една стара книга со приказниВлада Урошевиќ

Во мрачните пештери
спијат стари вештери.

Надвор нивни внучиња
се дават со кучиња.

Со големи токмаци
убиваат комарци.

Џуџиња со рогови
палат шумски огнови.

Се ведне над скарите
вампир-крводарител.

Прегладнети сеништа
варат каша пченична.

Џинови на тркала
пеперуги бркаат.

(Фотографија на Natalia Y. за Unsplash)

Leave a comment