Промоција на „Пристоен предлог и други песни“ и „Пеколот е мало место“ Тихомир Јанчовски!

Утре (18 октомври, сабота), со почетокот од 12 часот, во „Цреша Бар“ ќе се одржи промоција на последните две книги поезија од Тихомир Јанчовски. Станува збор за „Пристоен предлог и други песни“ и „Пеколот е мало место“.

Во улога на промотор ќе се јави Дарко Лешоски, а стихови од збирките ќе читаат Тихомир Јанчовски и Зоран Тортевски.

Во продолжение прочитајте извадок од поговорот напишан од Душко Крстевски:

„Тихомир Јанчовски оваа година ни предлага нов поетски ракопис со наслов „Пеколот е мало место“, којшто на интересен начин се надоврзува на неговиот претходен поетски опус. За потсетување, македонскиот поет, професор, преведувач и колумнист Тихомир Јанчовски завршил општа и компаративна книжевност на УКИМ; има објавено петнаесет книги поезија, три романи, две книги за деца и една книга колумни. Поезијата му е досега преведена на 16 јазици и е објавувана во разни литературни списанија и во засебни книги. Бил учесник на бројни поетски фестивали и е застапен во многу антологии на македонската и светската поезија. Како преведувач, работел на дела од светски автори, вклучувајќи класици и современи текстови.

Збирката поезија „Пеколот е мало место“ од Тихомир Јанчовски претставува општествена критика, егзистенцијална размисла како и нуркање и истражување на човековите емоции. Секоја песна одекнува со чувство на итност и длабока интроспекција од страна на поетот, одразувајќи ја сложеноста на човековата состојба во свет полн со очај и разочарување…“

Извор.

Leave a comment