Денес на блогот читаме прекрасни македонски стихови од Блаже Конески!
На пријателите – Блаже Конески
Со вас се крепев.
Тука сме. При крајот.
Па сега ли да ве потурнам,
на работ,
заради маните,
заради грешките,
за сè штo излегло неубаво?
Не!
Јас ви проштевaм
секоја слабост
и притворност,
дури пресметливост,
дури изневера, –
за да си простам и самиот себе
за една мера на човечка љубов.

