Венко Андоновски е еден од најпознатите и најчитаните македонски автори, најпознат по неговите дела како „Вештица“ и „Папокот на светот“, а за својот последен роман „Папокот на светлината“, тој ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, но и престижната Толстоева награда.
Тој исто така е познат и по своите раскази, но и колумни во „Нова Македонија“, па затоа многумина може да се изненадат од стиховите во продолжение, бидејќи неговото име секогаш се поврзува со прозните дела. Имено, на страницата на Венко Андоновски на Фејсбук, пред некое време беше објавена песната „Недостижна“, која Венко Андоновски ја напишал на свои 16 години и била дел од збирката „Енигма“ од 1980 година. Всушност се работи за неговата прва создадена творба! Прочитајте ги стиховите во продолжение!
Недостижна – Венко Андоновски
Со мермерна поплоченост
Полето мери бескрај столетија
А зад дрворедите
Вкрстени ветрови играат постоење
На трета димензија во просторот
Те искачив овде горе на раце
Од каде што почнува денот
И еве, те оставам тука сама
А потоа се оддалечувам без свртување
И знам само се залажувам
Дека го изгубив твоето постоење
Оти и од кајшто почнува светот
Од Адам и Ева
Низ призма од далечни векови
И шепот на изумрени мориња
И од таму да се свртам кон Исток
Ќе те видам – недостижна.
Збирка поезија „Енигма”, 1980 година

извор: Pinterest
