Промоција на новиот роман на Венко Андоновски!

Пред неколку денови на блогот објавивме дека во продажба е новиот роман на Венко Андоновски, „Александар јава на запад“, во издание на ТРИ, а утре (4 декември), на малата сцена во МНТ, со почеток од 19 часот, ќе се одржи промоција на неговиот роман.

Промотори ќе бидат проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и Ерол Ризаов.

Венко Андоновски е еден од најпознатите современи македонски автори и автор на две стихозбирки, три збирки со раскази, пет романи, еден прирачник за креативно пишување, 18 изведени театарски пиеси и едно сценарио за игран филм. Како што се наведува во официјалната покана за овој настан, „и покрај целиот овој опус, „Александар јава на запад“ не припаѓа во ниту една од овие категории. Станува збор за фасцинантна фарса и ведра гротеска напишана со брутална смелост и пародиски означена со жанрот „чекајќи роман“.“ Организаторите велат дека „промоторите, како познати домашни ерудити, ќе ни го доближат романот користејќи го своето познавање на творештвото на Венко Андоновски и на домашната литература, како и на нејзиното влијание врз читателите и воопшто во општеството.“

Извор.

Leave a comment