Македонска поезија: „Борба со ветерници“ од Раде Силјан!

Денес на блогот читаме прекрасни македонски стихови од Раде Силјан!

Борба со ветерници – Раде Силјан
(Македонска варијанта на Дон Кихот)

И од исток и од запад
На глуви уши
Иста песна им пеат

И од север и од југ
Гладни ѕверки
Одат по нашите траги

И одлево и оддесно
Искубани пилци
Во круг збрани

И дење и ноќе
Низ решето и сито
Се просева златно жито

И на сон и на јаве
Играта на животот
На двобој нè кани

„Туѓинец во својата земја“ (2023)

Leave a comment