Во годината кога Македонскиот народен театар слави осумдесет години постоење, од печат излегува монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025: приказни поголеми од времето“. По тој повод, утре (18 декември), во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 12 часот ќе се одржи промоција на оваа монографија.

Како што наведуваат од МНТ на својата веб-страница, „тоа е издание кое ги слави овие изминати години поминати во креативна работа, развој и успеси. Низ фотографии, плакати и скици и приказните на дел од личностите кои биле и се дел од МНТ се раскажува историјата на театарот и сите оние чинители кои го направија МНТ она што значи денес“.
