„Она што се памети живее“ – нова збирка сеќавања на македонските писателски великани!

Друштвото на писателите на Македонија денес објави дека од печат излегло изданието „Она што се памети живее“, или „Никогаш докрај раскажани приказни“ – збирка сеќавања што се навраќаат на впечатливи епизоди од секојдневијата на некои од великаните на нашата понова книжевност.

Како што се наведува во објавата, досега необјавени сеќавања од животите на: Абдилазис Ислами (автор: Адем Абдулаху), Атанас Вангелов (од Венко Андоновски), Лиљана Дирјан (Петар Андоновски), Светлана Христова Јоциќ, Владо Јоциќ (Димитрие Дурацовски), Драги Михајловски (Ирена Јурчева), Благој Самоников (Трајче Кацаров), Петре М. Андреевски (Фима Клетникова), К. Пенушлиски, А. Спасов… (Александар Кујунџиски), Ацо Шопов (Ристо Лазаров), Јадранка Владова (Јелена Лужина), Благоја Иванов (Снежана Младеновска-Анѓелков), Коле Чашуле (Огнена Никуљски), Владимир Костов (Фросина Пармаковска), Чедо Јакимовски (Владимир Петковски), Милан Ѓурчинов (Христо Петрески), Данило Коцевски (Диме Ратајкоски), Блаже Конески (Михаил Ренџов), Михаил Ренџов (Гордана Михаилова-Бошнакоска), Стале Попов (Георги Сталев), Гане Тодоровски (Луан Старова) и Славко Јаневски (Влада Урошевиќ).

 Изданието може да се најде во книжарниците на Антолог, Матица, ТРИ, Феникс и Чудна шума. 

Извор.

Leave a comment