Македонска поезија: „Свети Никола“ од Блаже Конески!

Денес во Македонија се прославува Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, ден кога голем дел од македонските граѓани го слават како домашна слава, а денес и именден слават оние што се викаат Никола или Николина. Истовремено, денес се одбележува и годишнината од раѓањето на македонскиот великан Блаже Конески, роден на 19 декември 1921 година. Во негова чест, денес на блогот читаме една негова песна која се однесува токму на денешниот голем ден, Свети Никола.

Свети Никола – Блаже Конески

Свети Никола златен
пак сè си принесе што треба.
Го пречекавме и со посна сарма,
и со грав и со риби на кромид.

Не е како некогаш
кога спроти празникот ќе изнадојдеа
сега покојните
и ќе седнеа околу трпезата.
Се почнуваше со леблебии,
расол и сторени пиперки,
мезе за домашната ракија.
По вечерата идат комињакот
и скажувањата.
Потоа гостите легнуваа
кој каде се нашол.
Ордан, тетин ти, Бог да го прости,
нели беше пцалт,
ќе запееше во сонот:
„Господи, помилуј!“
И потоа тивнуваше ноќта.

Тоа што минало – минало.
Ама сепак, сполај му,
еве нè живи со Господ напред
и се плоди нашето племе.

Leave a comment