Новогодишни книжевни радости во „ИЛИ-ИЛИ“!

Предновогодишниот период е обично е брз и хаотичен. Сите брзаме да ги завршиме преостанатите обврски, да се видиме со блиските, да отидеме на предновогодишни прослави и да се подготвиме за годината што ни претстои. Секако, ова е период и кога бараме подароци за најмилите, а зарем има поубав подарок од книга (за другите, но и за себе)?

Доколку барате подарок или сакате да ја освежите домашната библиотека, од денес, па сѐ до 10 јануари, можете да наминете до книжарницата „Или-Или“ и да ја искористите нивната традиционална празнична акција кога голем дел од нивните изданија се со намалени цени.

Како што наведуваат во својата објава на социјалните мрежи, „Или-Или“ ја завршуваат 2025 година со 27 објавени книги (мал дел од нив се реизданија), а како заокружување на оваа година ги започнуваат традиционалните празнични попусти, нудејќи попусти и до 70%.

Попустите важат во нивната книжарница, но и на нивната веб-страница.

За повеќе информации, следете го настанот на Фејсбук или официјалната страница на „Или-Или“ на Фејсбук!

Leave a comment