Македонска поезија: „Копнеж по целина“ од Матеја Матевски!

Денес е прекрасен ден за читање македонски стихови, а изборот падна на стиховите на Матеја Матевски!

Копнеж по целина – Матеја Матевски

Ќе дојде ли ќе стаса
во самите нас да нѐ врати
во целина
копнежот што ја сонува

Грубото време нѐ дели во дробни трошки
Црна луња
што урива
сѐ
на долгиот пат до себеси

Од краја до краја
на биднината
на темната работа своја
се дала омразата

Сал сонот уште го довикува
го ваби
единството на светот
трмката ранета
развеаната

Зеницата на сонцето
што го прибира

извор: Матеја Матевски. Копнеж по целина. Скопје: Мисла, 2005

Leave a comment