Безвременските дела кои денес ги нарекуваме класици се безвременски поради тоа што се секогаш актуелни, затоа што ја истражуваат човековата душа и природа на начин што делуваат како да нема време и простор за нив, како да важат каде било и кога било и тоа е причината поради која остануваат на пиедесталот на книжевноста и луѓето постојано ги читаат и препрочитуваат.

Доколку сте обожаватели на класици, од денес (21 јануари) па сѐ до 25 јануари, можете да се упатите во книжарницата на „Антолог“ или да ја посетите нивната веб-страница, затоа што во текот на овие денови класиците во нивно издание ќе бидат намалени за 35%. Меѓу нив се и дела на Достоевски, Толстој, Ман, Стивенсон, Андриќ, Селимовиќ и многу други. За сметка над 1500 денари, доставата е бесплатна.
Доколку сте во потрага за подарок, за себе и за некој друг, не можете да погрешите со класик!
За повеќе информации следете ја официјалната страница на Антолог на Фејсбук, а листата со книги на попуст можете да ја ѕирнете тука.
