Ѕирнете во промотивното видео за новата екранизација на „Гордост и предрасуди“!

„Гордост и предрасуди“ на Џејн Остин се чини дека е роман кој никогаш не престанува да инспирира и поттикнува инспирација за нови уметнички творби, особено екранизации. Ова дело досега било екранизирано десетици пати и во многу формати, а најпознати меѓу нив се истоимената серија на Би-Би-Си со Колин Фирт како г-дин Дарси како од 1995 година и филмската екранизација од 2005 година со Кира Најтли како Елизабет Бенет. Поминаа речиси 20 години од последната голема екранизација (иако во меѓувреме имаше и други), а сега Нетфликс ја подготвува и најновата серија заснована на неверојатното дело на Остин.

Првичните информаци и детали беа објавени минатата година, кога започна снимањето, и тогаш дознавме дека Ема Корин и Џек Лоуден повторно ќе ги оживеат омилените Елизабет Бенет и господин Дарси, а на линкот погоре може да се информирате подетално за целокупната продукција.

(извор: Netflix)

Но, сега Нетфликс излезе со повеќе детали, односно излезе со соопштение дека серијата ќе започне да се прикажува оваа есен, а реши и да ги награди обожавател(к)ите на ова дело и со кусо промотивно видео (на англиски јазик познато и како teaser) од 30 секунди кое дава првичен поглед во тоа што можеме да очекуваме, а се очекува понатаму да биде објавено и подолго промотивно видео. Серијата ќе има шест епизоди и најавите се дека целата екипа многу внимавала целиот производ да биде што е можно поверен на делото на Џејн Остин, а очекувања се превисоки, имајќи предвид дека серијата на Би-Би-Си и филмот од 2005 година поставија високи стандарди за секоја следна екранизација.

Во меѓувреме, љубителите на творештвото на Џејн Остин ќе имаат можност во блиска иднина да се израдуваат и на уште една екранизација на Џејн Остин, бидејќи во подготовка е филмот „Разум и чувствителност“.

Погледнете го видеото во продолжение:

Leave a comment