Македонска поезија: „Завет“ од Гане Тодоровски!

Денес на блогот читаме прекрасни македонски стихови од Гане Тодоровски!

Завет – Гане Тодоровски

Онаму дечиња, онаму внучиња мои,
Ридјено кајшто се грвали, дабјено кајшто се рои,
Могила малечка онаму нека ми стои.

Могила молковна – дватри миловидни бреста –
Налик на клепала што ќе ја гласат веста
Дека на некојси овдека гласот му престанал…

Грска тејманушки, ко што е редно, да ‘ртат,
Колку на минувачите погледот да им го свртат
И да им приспомнат троа од троа за смртта.

Кожле да вишнее, Вардар со рикот да рика,
Полногласен од врутока до утока да вика,
Одоколу да тече време македонско, да блика…

Могила, што ќе молитват ветројне планински,
Камен, со неколку галежни зарешки кирилски
И – едно нашинско презиме со златно крајче на ски!

 (Извор: Antonio Janeski за Unsplash)

Leave a comment