Денес започнува Фестивалот за литература и општа култура „Видик“!

Денес и официјално започнува третото издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик“ кој ќе се одвива во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Според организаторите, овој фестивал комбинира промоции на книги, музички настапи, театарски изведби, филмска проекција и донаторски настан, со што истиот повторно ќе понуди динамична и разновидна културна програма за пошироката публика, а истиот ќе трае до 8 април 2026 година.

Доколку ве интересира целосната програма и сакате да купите билет за некој од понудените настани, тоа можете да го сторите на официјалната веб-страница на Литература.мк.

Leave a comment