Денес на блогот читаме прекрасни македонски стихови!
Прамолња – Радован Павловски
Не барај од мене да бидам
ни твој слуга ни твој господар:
јас сум Молња и во мене
нема простор за тага Остави ме
да се јавувам и исчезнувам
и пак да се јавувам
меѓу луѓето и планетите
да лутам. На барај од мене
ни чаша вода, а оган самата
ќе ти дадам и штом ќе те родам
не моли од мене прочка –
заедно со тебе сѐ ќе пребродам
Оди во сон, плови по океан. Во зборови
копкај и најди си спокој
за својата душа, ал’ мене
остави ме да бидам слободна,
она што сум: Молња на светот.
(од збирката „Молњи“, 1978)

