Пролетта пристигна и тоа е одличен период за обновување на домашната библиотека, па ако тоа е она што ви треба, книжарницата на ТРИ во ГТЦ најавува еднодневна распродажба на книги што ќе се одржи на утре (сабота, 28 март), во периодот од 10 до 18 часот.

Посетителите ќе имаат можност да набават книги по цени од 50, 90 и 150 денари, со попусти што на одредени наслови можат да изнесуваат и 80%. На распродажбата ќе бидат достапни и последни примероци од наслови кои подолго време не се дел од редовната понуда. Како дополнителен поттик за купувачите, за секоја сметка со купени три книги ќе следува и подарок книга. Покрај распродажбата, во книжарницата ќе важи и попуст од 50% на новите изданија.
Организаторите ја опишуваат оваа акција како „книжевен лов“ на помалку познати или подзаборавени наслови, кои на овој ден повторно ќе бидат достапни по симболични цени. Настанот е замислен како можност љубителите на книгата да го одбележат почетокот на пролетта преку откривање нови наслови и збогатување на личните библиотеки.
Доколку сакате да го искористите саботното пладне меѓу книги, знаете каде да се упатите.
