Во недела (5 април), со почеток од 12 часот, во КСП Центар – Јадро ќе се одржи промоција на сликовницата „Каде оди реката?“ со текст на Хана Корнети и илустрации на Марија Трајаноска, која е во издание на „Чудна шума“ во соработка со Еко-свест.

„Каде оди реката?“ е лирска екоприказна за пријателството, одговорноста и надежта. Таа нè учи дека секој наш свесен избор е чекор на патот кон зачувување на хармонијата меѓу човекот и природата. Сликовницата со следи Лука, кој копнее да го види светот, а скриен зад далечниот хоризонт низ кој тече реката, снешкото Магелан решава храбро да скокне во изворот и да отплови наместо него. Пловејќи низводно, Магелан ги открива волшебните убавини на природата и нејзините фантастични жители. Но она што почнува како весела авантура, набрзо се претвора во откритие на длабоките лузни што човекот ги оставил со својата негрижа.
Во најавата за настанот е наведено дека содржините во изданието се инспирирани од нивната работа во областа на заштитата на реките и се темелат на резултатите од истражувањата за притисоците врз реките и речните екосистеми.
Сликовницата се објавува во соработка со Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје и е поддржана од PONT (Prespa Ohrid Nature Trust).
