Зборовите се најмоќното оружје на писателите, па и на човекот во целина. Некои писатели пишуваат долго, некои кратко, но сите се служат со неодоливиот шарм на зборот. Можете ли да замислите како би изгледале најпознатите книги откако ќе им се отстранат зборовите?
Никола Руже е дизајнер и уметник од Чикаго кој размислувал исто во овој правец, па се одлучил да одбере неколку класици и со помош на денешната технологија да ги исфрли сите зборови од книгите и да останат само интерпукциските знаци.
Резултатот на овој експеримент е серијата постери наречена: „Помеѓу зборовите“ која ни ги покажува сите цртички, запирки, точки, три точки, прашалници, извичници и останати интерпукциски знаци.
За овој проект тој се служел со софтвер кој се вика „RegExr“. Тој го користел овој софтвер за да може да ги избрише зборовите, броевите и просторот меѓу зборовите, оставајќи ги само формите и симболите кои подоцна ќе ги свитка во форма на типографски конфети.
Секој постер е визиуелна претстава за тоа колку често се служеле писателите со интерпукциски знаци и кои им биле најомилените, т.е најчесто користените.
Погледнете ги постерите:
1 . „Божиќна приказна“ – Чарлс Дикенс


2. „Приказна за два града“ – Чарлс Дикенс


3. „Алиса во Земјата на чудата“ – Луис Керол


4. „Џејн Ер“ – Шарлот Бронте


5. „Малите жени“ – Луиза М. Алкот


6. „Моби Дик“ – Херман Мелвил


7. „Петар Пан“ – Џ.М.Бери


8. „Гордост и предрасуди“ – Џејн Остин


9. „Временска машина“ – Х.Џ.Велс


10. „Прекрасниот волшебник од Оз“ – Л.Френк Баум


11. „Улис“ – Џејмс Џојс


12. „Оркански височини“ – Емили Бронте


