Освен што бил еден од најбараните и најпопуларни писатели, Ф. Скот Фицџералд бил и татко на ќерка, која го носела неговото име, Френсис Скот Фицџералд. Тој многу бил приврзан за неговата ќерка и се надевал дека ќе биде подеднакво успешна писателка како него. Можеби не ја достигнала неговата слава, но и таа имала навистина успешна и плодна кариера како писателка.
Во една прилика, во август 1933 година, Фицџералд и испратил писмо на својата ќерка, која во тоа време била на летен камп. Во него може да се види родителската љубов, грижа, меѓутоа и неговата филозофија кога станува збор за одгледување на детето. Тој ѝ дал многу интересни совети за тоа што треба, а за што не треба да се грижи.

(Фицџералд со својата ќерка)
Дури и сите ние можеме да се огледаме во писмото и да прифатиме некои од работите напишани таму и да ги примениме во сопствениот живот. Подолу ви го пренесувам преводот од писмото, кое оригинално било објавено и достапно за јавноста во 1958 година, во весникот „Њујорк Тајмс“.
Драга Питичке,
Многу ми е важно да ја завршуваш својата должност. Би сакала ли да ми пратиш малку повеќе документи за твоето читање на француски јазик? Мило ми е што си среќна, ама јас никогаш не верувам многу во среќа. Никогаш не верувам ни во мизерија. Тоа се работи кои ги гледаш на сцена или на платно или на напишана страница, а тие работи никогаш не ти се случуваат во вистински живот.
Она во кое верувам во овој живот е добивањето награда за доблеста (во зависност од твоите таленти) и казните за неисполнувањето на твоите обврски, кои се навистина високи. Ако постои такво издание во библиотеката во кампот, побарај од госпоѓа Тајсон да ти помогне да го најдеш сонетот од Шекспир кој оди вака: „Лилјаните кои гнојат мирисаат многу полошо од тревите…“
Мислам на тебе, секогаш со задоволство, но ќе ја земам Белата мачка и силно ќе ја удрам шест пати по задникот секојпат кога ќе бидеш дрска. Дали реагираш на тоа?
Полудосетливо, ќе го заклучам писмово.
Работи за кои треба да се грижиш:
Грижи се за храброста
Грижи се за чистотата
Грижи се за ефективноста
Грижи се за јавањето
Работи за кои не треба да се грижиш:
Немој да се грижиш за популарното мислење
Немој да се грижиш за куклите
Немој да се грижиш за минатото
Немој да се грижиш за иднината
Немој да се грижиш за растењето
Немој да се грижиш за другите кои напредуваат пред тебе
Немој да се грижиш за триумфот
Немој да се грижиш за неуспехот, освен ако не е твоја вина
Немој да се грижиш за комарци
Немој да се грижиш за муви
Немој да се грижиш за инсекти во целина
Немој да се грижиш за родителите
Немој да се грижиш за момчињата
Немој да се грижиш за разочарувањата
Немој да се грижиш за задоволствата
Немој да се грижиш за уживањата
Работи за кои треба да размислуваш:
Кон што навистина целам?
Колку сум добра во споредба со моите современици кога станува збор за:
а) Школарината
б) Дали навистина ги разбирам луѓето и можам да се согласувам со нив?
в) Дали се обидувам да го направам моето тело да биде корисен инструмент или го запоставувам?
Со најголема љубов.
