Утре, 3 март, со почеток од 19:00 часот, свечено ќе се отвори новата кафе-книжарница на Издавачкиот центар ТРИ. По една деценија успешна работа и негување на пишаниот збор, луѓето кои стојат позади оваа успешна приказна решија да го прошират своето делување.

На отворањето ќе присуствува и долгогодишниот ексклузивен автор и пријател на ТРИ, академикот Митко Манџуков. Она што мене многу ме радува е тоа што Скопје ќе добие една модерна и прекрасна книжарница. Никогаш доста од вакви прекрасни места каде што се слави и се негува љубовта кон читањето.
Како што велат во нивниот официјален настан на Фејсбук:
„Во новата книжарница ќе можете да ги најдете најдобрите наслови од домашната и светската литература, како и монографски изданија на светски познатиот издавач Taschen. Очекувајте промоции и средби со автори од домашната и светската сцена, книжевни разговори и креативни дружби – и сето тоа зачинето со вкусно топло кафе.“
Локацијата се наоѓа на местото каде што се спојуваат поранешна „Ленинова“ и „Партизански одреди“. Не можете да го промашите местото, едноставно веднаш ќе ви падне во очи.

Кафе и книги им посакува многу успех и плодна работа, да продолжат да не’ изненадуваат со прекрасни наслови и најразлични активности! Се надевам дека утре ќе се појават луѓе во што поголем број, кои ќе им дадат поддршка! Јас секако ќе бидам таму!
*Сликите се преземени од официјалната фејсбук страница на ТРИ.
