Сонетите на Шекспир претворени во апстрактни потписи!

Нема потреба од премногу најави и зборови за Вилијам Шекспир. Тој дефинитивно е највлијателниот драматург на сите времиња. Неговите дела се уште наголемо се изведуваат на театарските сцени ширум светот.

shakespeare

Но, тој не престанува да ги инспирира и другите уметници. Уметникот Никола Руже кој работи и живее во Чикаго ги претворил 154-те сонети на Шекспир во графички потписи. Инаку, пред некое време пишував за уште еден негов интересен проект, каде што тој ги извади сите букви од најпознатите дела и ги остави само интерпукциските знаци.

Тој за својот процес на претворање на сонетите во потписи вели:

„Секоја линија на сонетот имаше точка којашто се координираше со одредена графа базирана на бројот на букви, со исклучок на интерпукциските знаци (x оска) и просечната вредност на буквите, со исклучок на интерпукциските знаци (y оска). Просечната вредност беше пресметана употребувајќи едноставна формула (a=1 + b=2 +c=3 +…) и потоа резултатот беше поделен со бројот на букви во стихот. Сите точки потоа беа поврзани со сеопфатен преувеличен потег кој беше базиран на редот на стихови во сонетот (1 до 2 до 3…).“

Секако, полесно е да се покаже, отколку да се објасни со зборови:

sonnet20key

Веројатно нема да го препознаете омилениот сонет во оваа форма, но тој вели дека токму тоа е поентата: „Овие потписи немаат за цел да дадат некое значење, туку да ги инспирираат луето да размислуваат за нив на поинаков начин од претходно.“

fullpostersonnets

На сликата можете да ги видите сите сонети, а тука можете да ги разгледате поединечно, а воедно и можете да си купите постер доколку некој премногу ви се допадне.

Извор.

Leave a comment