Денес е 8 Март, Меѓународниот ден на жената. Денот кој ја одбележува борбата на жените за еднакви права со мажите. Право на работа, право на глас, право на избор, право на слобода. Правата на жените се човечки права!
По тој повод, избрав неколку прекрасни цитати од литературата кои или се напишани од жена или се однесуваат на жената. Прекрасни цитати кои сигурна сум дека ќе ве инспирираат и мотивираат.
Честит 8 Март!

~ „Јас не сум птица и ниту една мрежа не ме заробува: Јас сум слободно човечко суштество со независна волја.“ – Шарлот Бронте
~ „Колку сакате заклучувајте ги вашите библиотеки, но не постои врата, ниту брава, ниту греди кои можете да ги ставите на слободата на мојот ум.“ – Вирџинија Вулф
~ „Ако образовате маж, образовате човек. Ако образовате жена, образовате цела генерација.“ – Бригам Јанг
~ „Над сѐ, биди хероината на твојот живот, а не жртвата.“ – Нора Ефрон
~ „Жената мора да го живее својот живот или да живее за да жали што не го живеела.“ – Д.Х.Лоренс
~ „Не сакам да те слушам како зборуваш за сите жени како тие да се фини дами, наместо рационални суштества. Ниту една од нас не сака целиот живот да го помине во мирни води.“ – Џејн Остин

~ „Постои една тврдоглавост кај мене која никогаш нема да се исплаши од волјата на другите. Мојата храброст секогаш се издига при секој обид да ме заплашат.“ – Џејн Остин~
~ „Како жена, јас немам своја земја. Како жена, јас не сакам ниедна држава. Како жена, мојата држава е целиот свет.“ – Вирџинија Вулф
~ „Ништо не е толку неопходно за еден млад маж, како друштвото на интелигентни жени.“ – Лав Толстој
~ „Дајте ѝ на девојка образование и запознајте ја соодветно со светот и ќе ги има сите шанси добро да се скраси, без никому да биде на трошок.“ – Џејн Остин
~ „Таа беше слободна во својата дивост. Таа беше скитница, капка слободна вода. Таа не припаѓаше на ниту еден маж и на ниту еден град.“ – Роман Пајн
~ „Не постои ништо поретко, ниту пак поубаво од жена која е комплетно своја без грам извинување. Удобна во својата совршена несовршеност. За мене, тоа е вистинската есенција на убавината.“ – Стив Мараболи
